Sparta Event Center – Политика за поврат на средства и откажување на билети
Сите купени билети за настани организирани од Sparta Event Center се конечни и не подлежат на поврат или замена, освен ако настанот не биде откажан или значително променет од страна на организаторот.
Важно:
- Сите билети се неповратни и не се заменуваат
- Поврат на средства е возможен само доколку настанот се откаже од страна на организаторот
- Доколку настанот е презакажан (променет датум/време), вашиот билет ќе важи за новиот термин
- Нема поврат на средства поради лични причини (промена на планови, болест и сл.)
- Билети важат исклучиво за конкретниот настан и датум кој е наведен
Во случај на откажување на настанот:
- Купувачите ќе бидат известени преку е-маил и/или официјалните канали на Sparta Event Center
- Повратот на средства ќе се изврши по истиот начин на кој е направена уплатата
- Времетраењето на постапката за поврат може да биде до 10 работни дена
